МАЖ ОТВОРИ ОГАН ВО БЛИЗИНА НА БЕЛАТА КУЌА Застрелани тинејџер и напаѓачот

Инцидентот предизвикал краткотрајно затворање на претседателскиот комплекс, иако самиот имот не бил директно загрозен.

46

Вооружен маж вчера отворил оган во близина на Белата куќа, ранувајќи тинејџер кој случајно се нашол во близина, по што припадниците на американската Тајна служба возвратиле на огнот и го застрелале осомничениот.

Тајната служба, која е одговорна за заштита на американскиот претседател и други високи претставници, на мрежата „Икс“ објави дека инцидентот бил „резултат на конфронтација помеѓу вооружено лице и полицијата на Тајната служба“.

И осомничениот и тинејџерот биле пренесени во болница. Состојбата на напаѓачот не беше веднаш објавена, додека повредите на тинејџерот не се сметаат за опасни по живот, пренесе ДПА.

Инцидентот се случил јужно од Белата куќа, во близина на споменикот на Вашингтон, што предизвикало краткотрајно затворање на претседателскиот комплекс, иако самиот имот не бил директно загрозен.

Тајната служба претходно соопшти дека екипите за итна помош интервенираат јужно од Белата куќа и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

Новинарите во Белата куќа известија дека за време на инцидентот биле однесени во просторијата каде што вообичаено се одржуваат прес-конференциите. Американскиот претседател Доналд Трамп продолжил со настанот со сопственици на мали бизниси за време на инцидентот.

Поврзани содржини