СЕ ШИРАТ ЛАГИ ДЕКА АВТОПАТОТ ЌЕ ЧИНЕЛ МИЛИЈАРДА ЕВРА Работата на Кичево-Охрид ќе биде навремено завршена

Потврда за тоа (дека автопатот ќе биде навреме заврешен) е што во моментов си заминувам од Министерството за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид–Кичево. Ќе го завршиме навреме и сите ќе му се радуваме, напиша министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски.

150

Министерот за транспорт Александар Николоски ги отфрли тврдењата дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево ќе чини милијарда евра и дека нема да биде завршена, оценувајќи ги како „невистини, лаги и манипулации“.

„Самопрогласени ‘синдикални лидери’ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ниеден факт! Нула!!!“, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој апелираше, како што вели, да не се „замајува народот“, нагласувајќи дека проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок.

„За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, посочи министерот.

Во објавата, Николоски ја критикуваше претходната власт, наведувајќи дека во изминатите години не бил направен значаен напредок.

„Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно“, наведе тој.

Како аргумент за динамиката на активностите, Николоски посочи дека и во недела навечер се одржуваат состаноци поврзани со проектот.

„Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерството за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид–Кичево. Ќе го завршиме навреме и сите ќе му се радуваме“, додаде министерот.

Поврзани содржини