АВТОМОБИЛ СЕ СУДРИ СО ТРОТИНЕТ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ Тешко е повредено 14-годишно девојче
Девојче на 14 години е со тешки повреди по сообраќајка со автомобил. Несреќата се случила на крстосница во главниот град.
Девојче на 14 години е сериозно повредено по судир меѓу електричен тротинет и автомобил на крстосница во скопско Горно Лисиче, соопшти полицијата во дневниот билтен.
Во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ и електричен тротинет „шаоми“. Автомобилот го управувал 55-годишен возач од Скопје.
На тротинетот била 14-годишната малолетничка.
Девојката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.