МЕПСО ТВРДИ ДЕКА ИЗБОРОТ НА ИЗВЕДУВАЧ НА ДАЛЕКУВОДОТ КОН АЛБАНИЈА Е СПОРЕД ПРАВИЛАТА НА ЕБОР Хрватски „Далековод“ е реномиран и докажан изведувач кој работи по европски стандарди

Компанијата има реализирано проекти во повеќе од 80 држави, вклучително и земји од Европската Унија (Германија, Словенија, Хрватска), потоа во Скандинавија (Норвешка, Шведска) и во Западен Балкан (Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина).

67

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД и важечките национални закони.

Сите постапки се спроведени под директен надзор и согласно строгите правила на ЕБОР ( European Bank for Reconstruction and Development) што претставува дополнителна гаранција за законитост, транспарентност и меѓународна усогласеност додека, пак,  избраната компанија хрватски „Dalekovod“ претставува еден од најреномираните регионални и европски субјекти во областа на електроенергетската инфраструктура.

-Во овој процес, ние како инвеститор имаме само една улога, да ги оцениме референците и перформансите на компаниите, без никаква субјективност или влијание. За среќа, во овој проект имаме докажана хрватска компанија, како во регионот така и во Европа и пошироко, што претставува гаранција за успешна реализација на проектот- велат од МЕПСО.

Оттаму додаваат дека компанијата е реномиран и докажан изведувач, кој работи по највисоки европски стандарди, што претставува гаранција за квалитетна реализација на проектот.

–  Компанија Dalekovod d.d.е основана во 1949 година и има повеќедецениско искуство во изградба на високонапонски далекуводи.Листирана е на загрепската берза и функционира според највисоки стандарди на корпоративно управување како дел е од индустриската групација KONČAR Group, што обезбедува дополнителна финансиска и технолошка стабилност како и остварува годишен обрт од стотици милиони евра и бележи континуиран раст. Компанијата има реализирано проекти во повеќе од 80 држави, вклучително и земји од Европската Унија (Германија, Словенија, Хрватска), потоа во Скандинавија (Норвешка, Шведска) и во Западен Балкан (Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина). Во своето работење, Dalekovod соработува со водечки европски и светски оператори на преносни системи, меѓу кои: Statnett од Норвешка, Svenska Kraftnät од Шведска, TenneT од Германија, National Grid plc од Велика Британија и OST од Албанија.Дополнително, компанијата располага со развиена мрежа на подизведувачи и партнери од повеќе држави, вклучително во земји од Балканот (Хрватска, Албанија,Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија), потоа во земји од Европската Унија (Германија, Австрија, Италија, Франција), и на скандинавски пазари, каде што работи по највисоки технички стандарди. Овој модел на работа обезбедува комбинација од локална експертиза, регионално искуство и европски технолошки стандарди – велат од МЕПСО.

 

Поврзани содржини