ПАРНОТО ЌЕ ГРЕЕ И ЗА ПРВОМАЈСКИОТ ВИКЕНД Регулаторната комисија за енергетика им наложи ЕСМ да го вклучат парното
Одлуката следува по добиените петдневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.
Грејната сезона во Скопје продолжува и во следните два дена (1 и 2 мај), соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Комисијата, во соопштението, се повикува на основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија
– РКЕ ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1-ви и 2-ри мај, иако грејната сезона завршува на 30 април- велат од Комисијата.
Одлуката следува по добиените петдневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.
– Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење- велат од РКЕ.