ТЕЛЕКОМ ЈА ПОЧНА 2026 ГОДИНА СО РАСТ И СО ИНВЕСТИЦИИ Компанијата има 1,284 милиони корисници во мобилната комуникација
Македонски Телеком го заврши првиот квартал од 2026 година со раст на бројот на корисници, развој и инвестиции во мрежата, како и со одлични финансиски резултати.
Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првиот квартал изнесуваат 411 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,8 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 0,6 проценти. Зголемени се и приходите од продажба за 5,8 проценти.
Раст и награди за најдобрата мрежа во Македонија
Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа дека нивната мрежа е најдобра во дури пет категории: најбрза мобилна мрежа, најбрза фиксна мрежа, најдобро мобилно видео искуство, најдобро мобилно гејминг искуство и статус на најдоследна мобилна мрежа во Македонија. Ова се однесува на втората половина на 2025 година. 5G мрежата на Телеком е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваат 377.000 пристапи до оптика, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и за 7,6 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Ова е резултат на стратегијата за големи инвестиции за развој на најдобрата инфраструктура.
Раст на бројот на корисници и лидерство во ИКТ
Посветеноста на компанијата да обезбеди супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 226,5 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,0 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 1,9 проценти и изнесува 1,284 милиони.
Во фиксната телефонија компанијата остана на водечката позиција со 239.000 корисници. На ТВ пазарот остана на лидерската позиција со удел од 38,4 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена, што донесе и раст од 6,1 проценти или 171.000 корисници.
Воведен е нов комуникациски концепт за корисниците – Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнати се 420.000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, тие се број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.
Посветеноста на создавање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 17,1 проценти.
Грижа за вработените, општеството и животната средина
Комапнијата продолжува да работи на еднакво дигитално општество и на намалување на штетните влијанија врз животната средина. Нивнат грижа за вработените во првиот квартал на 2026 година им ја донесе наградата „Најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво“. Оваа стратегија и грижата за општеството, за влијанието врз природата и за вработените ќе продолжи и во наредните години.