Поврзани содржини
Актерот Патрик Малдун, познат по улогите во сериите „Спасени од ѕвончето“ (Saved by the Bell), „Денови од нашите животи“ (Days of Our Lives) и по уште бројни други улоги во неговата 30-годишна кариера, почина на 57-годишна возраст, оставајќи зад себе тага меѓу колегите и фановите.
Според официјалните информации, Малдун починал по срцев удар. Неговите пријатели го опишуваат како харизматичен, енергичен човек, „полн со живот“, кој знаел да направи секој околу него да се чувствува прифатено и сигурно.
Според сведоштво на неговото семејство, актерот бил дома и бил пронајден без свест во бањата. И покрај брзата интервенција на итната помош, лекарите не успеале да го спасат.
Неговата смрт поттикна и бројни реакции од колегите. Актерките Дафне Зунига и Алисон Свини јавно се простија од него, истакнувајќи дека бил исклучително талентиран, но и редок човек по својата добрина и великодушност.
Неговата ненадејна смрт повторно ја отвори темата за тоа колку често луѓето ги занемаруваат предупредувачките знаци на срцев удар, а лекарите повторно апелираат: срцевиот удар ретко доаѓа „од никаде“. Симптомите можат да се појават часови, денови, па дури и недели однапред.
Најчестите рани знаци вклучуваат:
Кај многу луѓе се јавува и силен притисок во градите, како некој да „седи“ врз нив, а болката може да се шири кон раката, вилицата или грбот. Некои чувствуваат и ладна пот, вртоглавица или необјаснив страв.
Она што е особено опасно е што симптомите често се благи и минливи, па луѓето ги игнорираат. Токму тоа може да биде клучната грешка.
Искуствата на преживеани пациенти покажуваат дека срцевиот удар не секогаш изгледа драматично како на филм. Некои опишуваат болка во грбот, други чувство на лошо варење, трети едноставно чувствувале дека нешто не е во ред со нивното тело.
Заедничко за многумина е едно: ретко кој веднаш помислува на срце.
Затоа лекарите постојано повторуваат – ако почувствувате необични симптоми, особено комбинација од неколку, не чекајте. Брзата реакција може да спаси живот.
Смртта на Малдун е потсетник дека дури и луѓе кои изгледаат здраво и активно не се имуни.