ЛАДЕН БРАН НОСИ ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Дожд и северен ветер, на планините ќе провејува снег

93

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, денес четврток 30 април 2026 особено во пладневните  и во попладневните часови во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Поради заладувањето на планините над 1100/1200 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини