НЕ СУМ ОД ШЕЌЕР, ЈАС СУМ БАЛКАНЕЦ, МАКЕДОНЕЦ… Даниел Кајмакоски за прв пат проговори за неговото киднапирање

Имам доволно време да бидам со сопругата и со децата и постојано подготвувам нешто, не би го објавил сега, вели македонскиот пејач.

369

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој неодамна беше киднапиран по настап во центарот на Белград, за прв пат јавно проговори за тој немил настан во интервју за белградски „Телеграф“, дадено за време на престижниот фестивал „Београдско пролеќе“.

На почетокот на разговорот Кајмаковски одговори како се чувствува во друштво со легендарни пејачи како Лео Мартин, Маја Оџаклиевска и други.

– Тоа се луѓе пред кои само можеме да се поклониме, внимателно да ги слушаме нивните совети, тоа се луѓе што не направија тоа што сме. Секогаш ќе бидат пример за нас – рече Кајмакоски.

Тој сега првпат проговори за неговото непријатно искуство со киднапирањето и објасни дека сега сè е тоа зад него и дека сака да размислува само за убави работи.

– Не сум од шеќер, јас сум и Балканец, Македонец… Доволно сум силен да продолжам, пред се, јас сум татко. Сакам сите да бидеме безбедни и насмеани. Без насмевка, ништо не вреди, не вреди ни оваа работа, ништо, ниту врска ниту брак. Не можете да бидете добар татко, брат и син без насмевка. Животот продолжува. Може да му се случи на секого. И музиката и моето семејство и сите што ме сакаат, се со мене – рече македонскиот пејач.

Тој додава дека неговото семејство му е најголемата поддршка и дека извесно време свесно се повлекол од јавноста.

– Сакав семејството да биде темел. Апелирам до сите млади луѓе да го направат свој приоритет. Семејството останува, сè е минливо. Затоа, малку се пензионирав и уживам во тоа. Имам доволно време да бидам со сопругата и со децата и постојано подготвувам нешто, не би го објавил сега, но никогаш нема да се откажам од авторското дело – вели Кајмакоски во интервјуто за „Телеграф“.

ДРАМА ВО „БЕТОН ХАЛА“ ВО БЕЛГРАД Пејачот Даниел Кајмакоски киднапиран, му барале 20.000 евра?

 

Поврзани содржини