ТРЕТ АМЕРИКАНСКИ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО БЛИЗИНА НА ИРАН Колкав арсенал има американската морнарица во Ормускиот Теснец?

Во регионот се наоѓа и „УСС Џералд Р. Форд“ (USS Gerald R. Ford), најголемиот носач на авиони во светот, што неодамна помина низ Суецкиот Канал.

69

Трет американски носач на авиони се приближува кон Иран, соопшти американската Централна команда што ги надгледува операциите на Блискиот Исток.

Според Цент-ком бродот УСС Џорџ Х.В. Буш (USS George H. W. Bush) пристигнал во Индискиот Океан без да се наведе која е неговата конкретна мисија.

Голем дел од капацитетите на американската морнарица се вклучени во операциите за ограничување на пристапот до иранските пристаништа во близина Ормуската Теснина.

Во нив се вклучени повеќе разурнувачи од класата „Арли Берк“ (Arleigh Burke), меѓу кои „УСС Пинкни“ (USS Pinckney), „УСС Мајкл Марфи“ (USS Michael Murphy), „УСС Делберт Д. Блек“ (USS Delbert D Black), „УСС Рафаел Пералта“ (USS Rafael Peralta) и „УСС Спруанс“ (USS Spruance). Станува збор за воени бродови со екипаж меѓу 329 и 359 лица, способни да лансираат ракети „Томахок“ (Tomahawk) и торпеда.

Во операцијата во Арапското Море учествува и „УСС Абрахам Линколн“ (USS Abraham Lincoln), носач на авиони на нуклеарен погон од класата „Нимиц“ (Nimitz), пуштен во служба во 1989 година.

Во регионот се наоѓа и „УСС Џералд Р. Форд“ (USS Gerald R. Ford), најголемиот носач на авиони во светот, што неодамна помина низ Суецкиот Канал.

САД во регионот имаат распоредено и амфибиски бродови, меѓу кои „УСС Триполи“ (USS Tripoli) и „УСС Њу Орлеанс“ (USS New Orleans), како и брзиот борбен брод „УСС Канбера“ (USS Canberra) од класата „Индепенденс“ (Independence).

Според извештајот, во операцијата за контрола на пловидбата низ Ормуската Теснина се ангажирани повеќе од 12 воени бродови и стотина борбени и извидувачки авиони. Притоа американските сили спречиле најмалку 29 брода да минат низ зоната и се вратени назад.

Поврзани содржини