🎥 ШАКИРА ГО ЗАОБИКОЛИ КАМЕРМАНОТ КОЈ ПАДНА ПРЕД НЕА Видеото ја подели јавноста: Ладна или професионална?

Дел од фановите ја обвинуваат пејачката за „ладнокрвност“, додека други ја бранат велејќи дека настапите не трпат прекини

219

Видео од Шакира како заобиколува снимател кој паѓа пред неа за време на настап стана вирално и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како камерман ја следи пејачката додека таа се движи низ публиката, но во еден момент се сопнува од опремата и паѓа. Шакира го заобиколува и продолжува кон сцената, без да го прекине настапот.

Видеото веднаш предизвика поделени реакции. Дел од корисниците ја критикуваа пејачката, тврдејќи дека не покажала емпатија.

– Снимателот падна, а таа не покажа ни најмала намера да му помогне – гласи еден од коментарите, додека друг додава дека станува збор за „целосен недостаток на сочувство“.

Сепак, многумина застанаа во нејзина одбрана, нагласувајќи дека настапите се одвиваат според строго утврден распоред и дека во екипата имало други луѓе кои можеле да му помогнат.

– Да застанеше, ќе ја нарушеше кореографијата и текот на настапот“, коментира еден обожавател, додавајќи дека станува збор за изведба во живо која не остава простор за импровизации.

Инцидентот доаѓа само неколку месеци откако и самата Шакира доживеа незгоден пад на сцена.

За време на настап во Сан Салвадор во февруари, додека го изведувала својот хит „Si Te Vas“, пејачката го извртела зглобот и паднала на страна, при што повлекла и сталак со микрофон.

И покрај непријатната ситуација, таа брзо се исправила и продолжила со настапот, покажувајќи професионалност, додека бендот продолжил да свири, а гитаристот ја бодрел.

Поврзани содржини