СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од девер

Едно лице е приведено по напад врз невенчана сопруга во Росоман. Лицето користело дрвен предмет, соопшти полицијата. Во Кавадарци е пријавен уште еден случај на физички напад од девер.

103

Два одделни случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Велес, при што едно лице е приведено по напад врз невенчана сопруга, додека во вториот случај жена пријавила напад од девер.

Првиот случај се случил во Росоман. 22-годишник физички ја нападнал својата невенчана сопруга.






„Физички ја нападнал и употребил дрвен предмет“, соопштија од полицијата.

Осомничениот е приведен. За случајот е известен јавен обвинител. По документирање, ќе следува пријава.

Во вториот случај, 31-годишна жена пријавила напад. Инцидентот се случил во дворот од домот. Напаѓачот бил нејзиниот девер.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Поврзани содржини