„НЕМА ДА ПЛОВИМЕ“ Морнарите кои 6 недели се заглавени во Ормуз се под голем стрес

Илјадници морнари се заглавени во Ормускиот теснец поради конфликтот и блокадата. Дел од нив одбиваат да продолжат со работа поради страв и сериозен психолошки притисок.

156

Околу 20.000 морнари се заглавени во Ормускиот теснец по иранската блокада, дел од нив одбиваат да пловат дури и ако преминот се отвори. По шест недели во зоната на конфликт, екипажите се соочуваат со сериозен психолошки притисок, додека танкерите стојат неподвижни во еден од најопасните морски коридори во светот.

Десетици танкери се закотвени. Никој не се помрднува.






– Закотвени сме, опкружени со десетици натоварени танкери. Никој не се помрднал ни сантиметар – вели член на екипаж.

Морнарите сведочат за напади, ракети и постојан ризик. Само неколку часа по примирјето, небото повторно било исполнето со траги од пресретнати ракети пишува „Гардијан“.

„Не сме подготвени да пловиме“

Многумина одбиваат да минат низ Теснецот. Безбедноста е главната причина.

– Му кажав на капетанот дека не сум подготвен да пловам. Станува збор за безбедност – рекол морнар за британскиот медиум.

Околу 90% од екипажот на некои танкери размислуваат исто.

„Ментални сломови се случуваат“

Стресот остава сериозни последици. Дел од морнарите веќе доживуваат психички кризи.

– Бев скршен и не знаев како да се справам со чувствата – сведочел друг морнар.

Според синдикатите, најголем проблем е неизвесноста и чувството дека се „седнати како мети“.

„Единствено решение е да се извлечат“

Меѓународни организации добиле стотици барања за помош. Дел бараат репатријација, други основни услови.

Компаниите размислуваат за замена на екипажи. Нови морнари, често од кризни региони, се подготвени да го преземат ризикот.

Но за многумина, одлуката е лична и тешка.

– Ако останам, можеби повторно ќе се вратам тука. Ако заминам, губам сè што сум изградил – изјавил еден морнар.

Toj не е сигурен дали ќе се врати на море откако ќе заврши војната.

Поврзани содржини