БЕЗ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ, СО АКТИВНИ ЗАБРАНИ И ПИЈАНИ ВОЗЕЛЕ ПО ПАТИШТАТА Полицијата во еден ден уапси 13 возачи

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедност на патиштата  -  да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол. 

85

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полицијата уапси 13 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе.






„Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол во Скопје. Во Прилеп едно лице управувало возило и под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а во Кавадарци едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол“, наведува МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедност на патиштата  –  да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Поврзани содржини