ИРАН НАПАДНА ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ВО РЕГИОНОТ Повредени 14 лица и оштетени постројки за вода

Повредени лица во Обединетите Арапски Емирати и Јордан, оштетена инфраструктура во Кувајт, додека неколку држави соборија дронови и ракети.

210

Во денешните ирански напади врз Обединети Арапски Емирати, Јордан и Кувајт повредени се вкупно 14 лица, а пријавена е и материјална штета на енергетска инфраструктура.

Во Абу Даби, во подрачјето на Аџбана, повредени се 12 лица, државјани на Непал и Индија. Според властите, дел од остатоците од пресретнати проектили паднале во областа.






Во Обединетите Арапски Емирати привремено не функционира гасоводот Хабшан, откако врз него паднале остатоци од ирански проектили. Армијата на земјата соопшти дека пресретнала 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови.

Во Јордан се повредени две лица откако армијата соборила два ирански проектила.

Во напад врз Кувајт биле погодени постројки за десалинизација на вода, при што е причинета материјална штета.

Во меѓувреме, Бахреин и Саудиска Арабија соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила ирански беспилотни летала.

Поврзани содржини