Eдукативна работилница посветена на значењето на водата, во организација на Инервил клуб Битола, со поддршка на ЈКП Водовод Битола, се одржа на 02.04.2026 г. во ОУ „Елпида Караманди“.
Настанот е дел од интернационалниот проект „Водата е живот – чувај ја водата, чувај ја иднината“, во кои учествуваат клубови од Турција, Северен Кипар и од Бугарија.
– Учениците блеснаа со креативност преку рецитали, драматизации и интересни презентации, испраќајќи силна порака за заштита на водните ресурси. Особен акцент беше ставен на стручните презентации, при што вработените од ЈКП Водовод Битола, технологот Лела Ацевска и инженерот Александар Велјановски, ги презентираа процесите на преработка и контрола на водата за пиење, како и новите инвестициски проекти на претпријатието – соопштија од ЈКП Водовод.