ГОЦЕ ОД ДОЛНО ЛИСИЧЕ ДОБИ ОДОБРЕНИЕ ЗА 0 ДЕНАРИ КОМУНАЛИИ Прво одобрение во Општина Аеродром за млади до 35 години

1,338

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом, велат од Општината.

Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница.






Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.

– Честитки до Гоце и до сите млади луѓе кои одлучуваат да градат и да живеат во Општина Аеродром – рекоа од Општина Аеродром.

Поврзани содржини