НОВ ВОЗЕН РЕД ВО СКОПЈЕ Од 4 април промени на дел од линиите

Промените стапуваат на сила од 4 април и се дел од усогласување со новиот интегриран тарифен систем во јавниот превоз.

1,523

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците дека од 4 април ќе важи нов возен ред за дел од автобуски линии во градот. Промените се дел од прилагодувањето на јавниот превоз кон новиот интегриран тарифен систем и имаат за цел подобра организација и поголема ефикасност на превозот.

Од претпријатието појаснуваат дека измените се однесуваат на одредени линии во рамки на единствената мрежа на линии во Скопје. Новиот распоред треба да овозможи подобро усогласување на поаѓањата и полесно користење на јавниот превоз.






Деталните информации за измените, како и статичниот возен ред по линии и по постојки, ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на претпријатието. Патниците се повикуваат навреме да се информираат за да избегнат доцнења и недоразбирања при користење на автобусите.

Поврзани содржини