🎥 ДВА ВОЕНИ ХЕЛИКОПТЕРИ ДОШЛЕ ДА ГО ПОЗДРАВАТ ПОПУЛАРНИОТ ПЕЈАЧ И ПРИЈАТЕЛ НА ТРАМП Американската војска го истражува настанот
Кид Рок објави две видеа на социјалните мрежи, а секое од нив покажува хеликоптер како лебди над неговиот базен додека забавувачот аплаудира, поздравува и ја крева тупаницата во воздух. Во позадина се гледа панорамата на Нешвил.
Американската војска започнала административна ревизија откако два хеликоптери AH-64 Apache лебделе во близина на домот на Кид Рок на ридот за време на тренинг лет, додека отворениот поддржувач на Доналд Трамп ги поздравувал нивните екипажи.
Кид Рок објави две видеа на социјалните мрежи, а секое од нив покажува хеликоптер како лебди над неговиот базен додека забавувачот аплаудира, поздравува и ја крева тупаницата во воздух. Во позадина се гледа панорамата на Нешвил.
– Ова е ниво на почит што гувернерот на Калифорнија никогаш нема да го доживее. Бог да ја благослови Америка и сите оние кои направија најголема жртва за да ја одбранат“, објавил Кид Рок, пренесува The Guardian.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, е демократ кој во неколку наврати се судри со републиканскиот претседател.
– Немаше официјално барање од Кид Рок до војската, во неговиот дом да дојдат хеликоптери – изјавил мајорот Џонатан Блес, службеник за односи со јавноста за 101-та воздушно-десантна дивизија. Дивизијата е базирана во блискиот Форт Кемпбел, на границата меѓу Тенеси и Кентаки, а нејзините хеликоптери често летаат со летови за обука над областа Нешвил. Хеликоптерите, исто така, летале над протестот „No Kings“ во Нешвил против администрацијата на Трамп во саботата, но Блес изјавил дека летот за обука нема никаква врска со протестот.
Блес, исто така, доставил писмена изјава до војската.
– Воените пилоти мора да се придржуваат до строгите безбедносни стандарди, професионализам и утврдените прописи за летање. Во тек е административен преглед за да се процени мисијата и да се потврди усогласеноста со прописите и барањата за воздушниот простор. Доколку се утврдат какви било прекршувања, ќе се преземат соодветни мерки – се вели во соопштението.
View this post on Instagram