🎥 ЛИНДЗИ ВОН ЗАСТАНА НА ПАТЕРИЦИ По страшната повреда и операција, скијачката веќе оди со помагала
- Без разлика колку силно ќе паднам, секогаш ќе најдам начин да станам - напиша во својата објава на Инстаграм Американката Линдзи Вон, една од најдобрите скијачки на светот, која на Зимските олимписки игри во Кортина имаше сложена фрактура на ногата, скршен глужд и скинат преден вкрстен лигамент
Линдзи Вон, една од најголемите американски и светски скијачки на сите времиња се опоравува од сериозната повреда со која се здоби по страшниот пад на Зимските олимписки игри во Кортина во февруари годинава.
Таа претрпе сложена фрактура на ногата, скршен глужд и скинат преден вкрстен лигамент (ACL) – и беше подложена на повеќе операции, а во еден момент ѝ била загрозена ногата. Сепак, Вон уште еднаш покажа дека е натчовеч и дека има непоколеблив спортски дух.
Поминаа околу еден и пол месец од сериозната повреда и повеќекратните операции, а таа веќе оди на патерици, што е неверојатно и е пред сите најоптимистички прогнози.
– Без разлика колку силно паѓам, секогаш ќе најдам начин повторно да станам! Чекор по чекор! – напиша Вон на својот Инстаграм заедно со видео за патерици.
View this post on Instagram