🎥 СЕЛИН ДИОН СИ ПОДАРИ ЗА РОДЕНДЕН ВРАЌАЊЕ НА СЦЕНАТА Пејачката сними видео пораки на француски и на англиски и ги најави претстојните концерти
По тешката борба со болеста (со синдром на вкочанета личност), легендарната пејачка Селин Дион ги воодушеви обожавателите со најавата за своето враќање на сцената.
Селин Дион на својот 58-ми роденден објави на Инстаграм видео пораки на француски и на англиски јазик и најави дека во септември и октомври ќе одржи десет концерт во арената Ла Дефанс во Париз, која има капацитет од околу 40.000 посетители.
View this post on Instagram
Ова враќање на сцената го нарече „најдобриот подарок во животот“.
– Толку сум подготвена за ова. Се чувствувам добро, силна сум и возбудена, секако и малку нервозна. Одлично сум, се грижам за своето здравје, се чувствувам добро. Повторно пеам, па дури и малку танцувам – вели пејачката.
Таа упати и емотивна порака до своите обожаватели, заблагодарувајќи им се за поддршката во изминатиот тежок период.
– Морам да ви кажам нешто многу важно: во текот на последните неколку години, секој ден ја чувствував вашата поддршка, вашите молитви, добрината и љубовта. Ви благодарам на сите. Едвај чекам повторно да ве видам – порача таа.
View this post on Instagram
Синдромот на вкочанета личност од кој страда Дион е ретко невролошко нарушување кое предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви, кои со текот на времето можат да се влошат.
Дион претходно отворено зборуваше за тоа како болеста влијаела врз нејзиниот препознатлив глас.
Пејачката на хитот „My Heart Will Go On“ првпат откри дека боледува од овој синдром во 2022 година, кога беше приморана да го откаже остатокот од својата турнеја.
View this post on Instagram