ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ НА 31 МАРТ И 1 АПРИЛ Во посета доаѓа претседателот на Црна Гора
Утре и задутре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје поради посетата на претседателот на Црна Гора.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, утре, на 31 март и на 1 април ќе престојува во официјална посета на Македонија. Поради посетата, во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат насоките на полицијата за непречено одвивање на сообраќајот.