📷 ВОЕНИОТ БРОД „ТРИПОЛИ“ СО 3.500 МАРИНЦИ ПРИСТИГНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Засилување и повеќе можности за командантите

Триполи групата за амфибиска подготвенос е составена од 3.500 морнари и маринци, транспортните и ударните борбени авиони, како и амфибиските јуришни и тактички средства, објави Централната команда на САД.

258

Американскиот воен брод „Триполи“, на кој се наоѓаат 3.500 маринци, пристигна на Блискиот Исток, соопшти денеска американската Централна команда (CENTCOM).

 

„Американските морнари и маринци на бродот „УСС Триполи“ (LHA 7) пристигнаа во зоната на одговорност на Централната команда на САД на 27 март. Амфибискиот јуришен брод од класата Америка служи како предводник на Триполи групата за амфибиска подготвеност/31-ва морнарска експедитивна единица, составена од околу 3.500 морнари и маринци, покрај транспортните и ударните борбени авиони, како и амфибиските јуришни и тактички средства“, објави Централната команда на Икс.






Воен извор претходно за Си-Ен-Ен изјави дека присуството на оваа експедициска единица на маринци им дава на командантите дополнителни можности за низа можни непредвидени ситуации.

Поврзани содржини