УБИСТВО ВО ОХРИД Полицијата уапси жител на Брвеница, Тетовско
Денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи дека утринава го убил 76-годишниот охриѓанец К.М.
Министерството за внатрешни работи го расчисти денешното убиство во Охрид, а осомничениот убиец е уапсен.
Како што информираат од МВР, денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривичното дело Убиство, по член 123 од Кривичниот законик.
Во СВР Охрид денеска во 8:24 часот било пријавено дека во семејниот дом на улицата Нада Филева во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.
На местото на настанот е извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција.
По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.