НОСЕА ПОМОШ ЗА КУБА, ИСЧЕЗНАА ВО КАРИПСКОТО МОРЕ Мексиканската морнарица трага по два брода

Мексиканската морнарица објави дека бродовите со 9 членови на екипажот од различни националности, испловиле во мексиканските Кариби во саботата, но нивната моментална локација е непозната и не пристигнале во Хавана.

179

Два мексикански брода што носеа хуманитарна помош за Куба се исчезнати и за нив е инициран план за пребарување и за спасување, соопшти Секретаријатот на мексиканската морнарица (Семар).

Мексиканската морнарица објави дека бродовите со 9 членови на екипажот од различни националности, испловиле од Исла Мухерес во мексиканските Кариби во саботата, но дека нивната моментална локација е непозната и нема потврда дека пристигнале во Хавана.






„Овие бродови требаше да пристигнат во Куба помеѓу 24 и 25 март. Двата брода што исчезнаа припаѓаат на конвојот Наша Америка, што е иницијатива за солидарност на групи и поединци од различни земји од светот, првенствено од Латинска Америка и од Европа, кои ги здружија силите за да достават хуманитарна помош на Куба“, соопшти мексиканската морнарица.

Првата група од конвојот „Наша Америка“ пристигна во Куба на 18 март, а потоа на 24 март, главниот брод од тој конвој пристигна во Хавана, носејќи 14 тони хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, 73 соларни панели и десетина велосипеди.

Поврзани содржини