ДОБИВКА ОД 82,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Банката го одржа годишното собрание на акционери

Дивидендата за обичните акции ќе изнесува по 1.350 денари за една акција, а исплатата ќе почне во мај, соопшти Комерцијална банка.

104

Комерцијална банка АД Скопје на 27.3.2026 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2025 година со бруто-добивка во износ од 5.632,5 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 555,2 милиони денари (9 милиони евра), нето-добивката на Банката изнесува 5.077,3 милиони денари (82,5 милиони евра).






Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 5.077,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 135% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.350 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 4.5.2026 година.

Поради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.600,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 400 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2026 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2025 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2025 година.

Поврзани содржини