КЕНДИС СВОНЕПУЛ ПОКАЖА ЗОШТО Е МЕЃУ НАЈПОЗНАТИТЕ МАНЕКЕНКИ НА ДЕНЕШНИЦАТА Со тело од соништата и свој бренд, ангелот на Викторија Сикрет е повторно во фокусот

Јужноафриканската манекенка со новата линија на костими за капење на нејзиниот бренд „Тропик оф Си“ во соработка со „Викторијас Сикрет“ уште еднаш ја потврдува својата позиција на светската модна сцена

127

Една од најпознатите манекенки на денешницата, Кендис Свонепул, повторно го привлече вниманието на јавноста со претставувањето на новата колекција костими за капење, која веќе го освојува модниот свет.

Станува збор за најновата линија на нејзиниот бренд „Тропик оф Си“, реализирана во соработка со култниот моден гигант „Викторијас Сикрет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tropic Of C (@tropicofc)

Свонепул, која со години беше едно од најпрепознатливите лица на брендот, уште еднаш покажа зошто важи за вистинска модна икона. Колекцијата се одликува со минималистички, но заводлив дизајн, природни тонови, женствени кроеви и одржливи материјали – вредности кои се препознатливи за нејзиниот бренд.

Кампањата привлече особено внимание бидејќи токму таа ги носи моделите од колекцијата, задржувајќи го својот препознатлив стил и естетика што со години ја гради во модната индустрија.

Кендис Сузан Свонепул е родена на 20 октомври 1988 година во Муи Ривер, во провинцијата Квазулу-Натал во Јужна Африка. Пораснала на фарма, а нејзината кариера започнува на само 15 години, кога била откриена од моден скаут во Дурбан.

Во текот на кариерата соработувала со бројни големи имиња од модната индустрија, а од 2010 година станува „ангел“ на „Викторијас Сикрет“. Со години беше едно од заштитните лица на брендот, а многумина ја сметаа за најубава меѓу нив, рамо до рамо со Адријана Лима.

По напуштањето на брендот, Свонепул го основа својот бренд „Тропик оф Си“, кој произведува костими за капење инспирирани од природата и женското тело, при што сите производи се направени од рециклирачки и еколошки материјали.

Еден од врвовите во нејзината кариера беше 2013 година, кога го носеше легендарниот „Фантази бра“, вреден неколку милиони долари.

Со години се наоѓа меѓу најплатените модели во светот, а во 2016 година беше рангирана на осмото место на листата на најплатени манекенки според списанието „Форбс“.

Во приватниот живот, Кендис долго време беше во врска со бразилскиот модел Херман Николи, со кого се запозна уште како тинејџерка. Двојката се сврши во 2015 година и доби два сина – Анакан и Ариел. Сепак, во 2018 година беше објавено дека се разделиле.

Поврзани содржини