РУСКИОТ БУЏЕТ СЕ ПРАЗНИ Путин бара олигарсите да ја финансираат војната во Украина
Додека војната во Украина се одолговлекува, Русија се соочува со двоен удар од намалување на буџетските приходи од продажбата на енергија и економско забавување, што влијае на даночните приходи од другите сектори на економијата.
Рускиот претседател Владимир Путин побарал од олигарсите да донираат во државниот буџет за да ги стабилизираат финансиите на земјата додека тој продолжува со инвазијата на Украина, објавија дел од медиуми.
Независната руска агенција Бел (The Bell) повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Путин вчера се сретнал со водечки руски бизнисмени зад затворени врати, а тема на разговорот било военото финансирање и продолжувањето на војната.
Русија ќе се бори, рече Путин, сè додека не ги освои преостанатите области од источниот регион Донбас во Украина кои не се под нејзина контрола, се додава во извештајот.
Според агенцијата милијардерот Сулејман Керимов ветил дека ќе донира 1,23 милијарди долари на состанокот со Путин.
И британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави сличен извештај, повикувајќи се на три лица запознаени со ова прашање.
Додека војната во Украина се одолговлекува, Русија се соочува со двоен удар од намалување на буџетските приходи од продажбата на енергија и економско забавување, што влијае на даночните приходи од другите сектори на економијата.
Извори за медиумите изјавија дека руската влада подготвува можно намалување од 10% на несуштинските трошоци во буџетот за оваа година, но конечната одлука ќе зависи од одржливоста на порастот на цената на нафтата предизвикан од војната во Иран.