ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ УСМРТИ ПЕШАК ВО МАРИНО Постои ризик дека може да го повтори делото

Според соопштението, Јавниот обвинител бара притвор поради неколку основи. Постои опасност од бегство. Постојат и сомнежи дека може да влијае врз сведоци. Дополнително, се проценува ризик од повторување на делото.

124

Основното јавно обвинителство Скопје предложи притвор за 21-годишникот кој прегази и усмрти пешак во скопско Марино. Осомничениот се гони за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

„Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил ‘КИА’ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал“, соопшти Основното јавно обвинителство.






Според напишаното, Јавниот обвинител бара притвор поради неколку основи. Постои опасност од бегство. Постојат и сомнежи дека може да влијае врз сведоци. Дополнително, се проценува ризик од повторување на делото.

Несреќата се случила на улицата „500“ во селото Марино. Пешакот, 52-годишник, починал на самото место.

УАПСЕН 21-ГОДИШНИОТ ВОЗАЧ ШТО УСМРТИ ПЕШАК ВО МАРИНО Ќе се вештачи автомобилот, телото е на обдукција

Поврзани содржини