ПОМАЛКУ ОД 5 БРОДОВИ ДНЕВНО МИНУВААТ НИЗ ОРМУСКИ ТЕСНЕЦ Дозволи добиваат само бродовите од Кина, Индија и од Пакистан
Уште на почетокот на војната Техеран објави дека нема да ги пушта танкерите со нафта на САД и нивните сојузници.
Протокот на бродови низ Ормускиот теснец е драстично намален и дневно поминуваат помалку од 5 танкери, што претставува пад од околу 95% во споредба со вообичаениот сообраќај, објави иранската агенција Тасним.
Според податоците на агенцијата и платформата „МаринТрафик“, Техеран дозволува премин главно на бродови од пријателски земји, како што се Кина, Индија и Пакистан, додека непријателските земји немаат дозвола за премин.
„МаринТрафик“ наведе дека во четвртата недела од војната, Техеран дневно издава помалку од 5 дозволи за поминување на теснецот.