НЕТАНЈАХУ БРЗА ДА НАПАДНЕ ПРЕД МОЖЕН ПОТЕГ НА ТРАМП Израел удира 48 часа пред евентуално примирје

Израел нареди 48-часовни напади врз Иран поради страв дека САД може да иницираат прекин на огнот. Планот на Вашингтон предизвика сомнежи во Тел Авив, додека конфликтот останува неизвесен.

752

Премиерот на Израел нареди интензивни дводневни воздушни напади врз Иран во обид уништи што е можно повеќе од воената индустрија на земјата пред Вашингтон да се движи кон прекин на огнот, објави „Њујорк тајмс“ во средата.

Потегот доаѓа отако израелските власти го виделе американскиот план од 15 точки, пишува медиумот. Според Тел Авив планот не ги адресира доволно нуклеарните и ракетните капацитети на Иран. Ова дополнително ја зголемува нервозата во Тел Авив.






„Што е можно побрзо“

Според „Њујорк тајмс“, директивата од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху била издадена по состанок во воениот штаб, каде што врвните команданти презентирале кои цели сè уште се оперативно достижни. Нетанјаху побарал тие да бидат погодени што е можно побрзо, додека прозорецот за воена акција сè уште е отворен.

Израелските претставници стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп може во секој момент да иницира мировни преговори, со што би се ставила точка на конфликтот, без да се исполнат клучните израелски цели.

Нема потврда за планот со 15 точки

Планот, кој циркулира во медиумите, предизвика сомнежи и во Вашингтон. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, повика на претпазливост.

– Има елементи на вистина во него, но некои од приказните што ги прочитав не беа целосно фактички – изјави таа, додавајќи дека Белата куќа не го потврдила официјално документот.

Одлуката е во рацете на Трамп

И покрај воените операции, Израел се соочува со клучно ограничување. Одлуката за завршување на војната е во рацете на Трамп.

Во меѓувреме, израелските службеници остануваат поделени. Некои сакаат барем уште една недела за да разработат поширок список на цели, додека други се залагаат за порано завршување.

Три службеници, според „Тајмс“, забележаа дека најзначајните воени придобивки дојдоа во првата недела, кога порасна загриженоста на светската јавноста за можна економска криза.

Контакти преку посредници?

Конфликтот, кој започна на 28 февруари, веќе однесе повеќе од 1.340 животи, вклучувајќи го и врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Иран возврати со напади низ регионот, нарушувајќи ги нафтените текови и воздушниот сообраќај.

Во меѓувреме, САД направија еден чекор назад. Трамп ги одложи нападите врз иранската енергетска инфраструктура и изјави дека имал добра комуникација со Техеран. Ова беше демантирано од иранската страна.

Подоцна, западните медиуми објавија дека Иран доставил свои барања до САД меѓу кои и барање за отшета за војната, гаранции дека конфликт нема да се повтори и задржување на целата балистичка програма, спротивно на американските барања.

Поврзани содржини