СКИЈАЧКАТА КРАЛИЦА Е НЕЗАПИРЛИВА Шести Голем глобус за Микаела Шифрин

Американската скијачка ја зачува предноста пред Ема Ајхер и го обезбеди шестиот Голем кристален глобус.

60

Американката Микаела Шифрин по шести пат во својата кариера го освои Големиот кристален глобус, како севкупна победничка во Светскиот куп во алпско скијање.

Шифрин до големиот триумф дојде, откако успеа по денешната последна велеслаломска трка сезонава да ја зачува предноста пред конкурентката Ема Ајхер од Германија.






Американката влезе со 85 бодови предност пред Ајхер во пресрет на трката во Хафјел, која Шифрин ја заврши на 11 место, а Ајхер на крајот беше едно место подолу.

За Шифрин ова е шеста титула во Светскиот куп во алпско скијање по 2017, 2018, 2019, 2022 и 2023 година, со што се израмни со претходната рекордерка, Австријката Анемари Мозер Прел.

Шифрин, која во кариерата има 110 победи во трките во Светскиот куп, покрај шесте Големи глобуси, има освоено и 12 Мали глобуси (девет во слалом, два во велеслалом и еден во супер велеслалом). Покрај тоа, минатиот месец ја освои својата втора олимписка титула во слалом.

Поврзани содржини