ДИГИТАЛНА ОБУКА ЗА 10.000 ГРАЃАНИ СО МОЖНОСТ ЗА ДОБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНИ СЕРТИФИКАТИ Амбициозен план на Андоновски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Oracle

Меморандумот беше потпишан со потпретседателот на Oracle, Pierre-Alain Baetz, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми за учење во области како cloud технологии, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и управување со податоци.

53

Министерството за дигитална трансформација и компанијата Oracle потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните.

Меморандумот беше потпишан со потпретседателот на Oracle, Pierre-Alain Baetz, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми за учење во области како cloud технологии, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и управување со податоци.






Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и преквалификација.

Како дел од соработката, поставена е и јасна цел – 10.000 обучени граѓани во следните 3 години, со амбиција значителен дел од нив да стекнат и меѓународно признати сертификати. Тоа ќе значи поголема вработеност, повисока конкурентност на пазарот на труд и посилна поддршка за развојот на домашната економија.

Соработката е поставена на два комплементарни столба. Првиот е Oracle Academy, преку кој високообразовните институции ќе се поврзат со современи технологии и практични содржини, со цел студентите да стекнуваат знаења што се усогласени со потребите на индустријата и реалниот пазар на труд.

Вториот столб е Oracle University Skills Development Initiative, насочен кон пошироката јавност. Преку оваа иницијатива, за првпат се воспоставува структуриран систем за обука, дообука и преквалификација на граѓаните, вклучително и преку Националниот портал за е-услуги, кој Министерството го води како една од своите клучни активности.

Овој проект е во согласност со стратешките приоритети на Министерството и со визијата SMART/MK 2030, која е наведена меѓу важечките стратегии на Министерството, со фокус на општество базирано на знаење, дигитални услуги и развој на човечки капитал.

Министерството за дигитална трансформација очекува активна вклученост од универзитетите, институциите и приватниот сектор, со цел оваа можност да биде искористена максимално и да донесе мерливи резултати во краток рок.

-Со потпишувањето на Меморандумот со Oracle, Министерството прави уште еден конкретен чекор кон создавање современо, дигитално подготвено и конкурентно општество, во кое технологијата ќе биде ставена во служба на граѓаните и нивниот развој – велат од Министерството.

Поврзани содржини