СЕЛА ЌЕ ФОРМИРА ПАРТИЈА „АЛБАНСКИ СОЈУЗ“ Нема откажување, вели доскорешниот претседател на АА

Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение, вели доскорешниот претседател на Алијанса за Албанците за весникот „Лајм“.

128

Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села најавува формирање на нова политичка партија, која ќе се вика „Албански сојуз“.

Како што нагласува Села во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали и ќе продолжат повторно да градат, вели, еден силен политички субјект.






– Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение – вели Села.

Најавата за формирање нова партија од Села следи откако Основниот суд во Тетово на 18 март донесе одлука партиските печати да му припаднат на крилото на АА предводено од Арбен Таравари. Од крилото предводено од Села тогаш најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката до Апелацискиот суд.

Поврзани содржини