УНГАРИЈА ЈА ЗАБРЗУВА ИЗГРАДБАТА НА НАФТОВОДОТ СО СРБИЈА Проектот треба да биде завршен до 2028 година
Унгарија се снабдува со руска нафта преку „Дружба“, но дел од нафтоводот што минува низ територијата на Украина беше оштетен во јануари од руските напади, што предизвика спор меѓу Будимпешта и Киев и Европската Унија.
Владата на Унгарија со декрет го прогласи за приоритетен инвестициски проект нафтоводот Унгарија-Србија со што ги забрза административните процедури и работи.
Владата сака поблиска хармонизација на пазарите на енергија и гориво на Унгарија, Србија и Словачка, што, според нејзината проценка, би резултирало со постабилен пазар и помала зависност од надворешни притисоци.
„Најновата одлука не е само административен чекор. Статусот на приоритетен инвестициски проект е јасен сигнал дека Владата го смета унгарско-српскиот нафтовод за стратешки проект што би можел да игра клучна улога во намалувањето на зависноста на Унгарија од надворешни фактори“, пишува порталот ungarnheute.hu..
Целта е системот да работи со полн капацитет во 2027 или 2028 година и снабдувањето со нафта во регионот да се постави на нова основа.