ИМА ЖИВОТ И БЕЗ ЕУ Милановиќ на Македонците им порача сами да си го изберат патот, без туѓо менторство

Кога се гради куќа, битни се носечките ѕидови, а не ЕУ фасадата од стиропор, изјави хрватскиот претседател по средбата со Силјановска Давкова.

426

Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој пат ќе го избере, изјави претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ откако во посета му беше македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

– Ова, претпоставувам, е патот на безбедноста, задоволството, просперитетот, мирот и спокојството на нејзините граѓани. Второто, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО, е фасада, еден вид енергетска обнова, стиропор… она што ја прави куќата е структурата, носечките ѕидови и нејзината структура,  живописно зборуваше Милановиќ по средбата со својата колешка од Македонија во Загреб.






Хрватскиот претседател вели дека истата логика важи и за Хрватска, каде што „ЕУ е добредојдена сензација, додека трае“.

– Ова не е совет, не можам да му го дадам ниту на соседот до кого живеам, а камоли на друга земја, ова се мои мисли. Ова важи и за Хрватска. ЕУ е надградба, а не зграда… ЕУ е добредојдена сензација, додека трае. Тоа е тоа, немам илузии за тоа.

Милановиќ потсетува дека постои живот и без ЕУ и дека на Македонија е да процени.

– Сакам Македонија сама да процени, без туѓа манипулација и менторство, што е добро за неа. Ова трае предолго. Пред 5, 6, 7 години не би го кажал ова, но денес го кажувам затоа што го гледам. Постои живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, заклучи претседателот.

Одговарајќи на новинарско прашање за наводните преговори на хрватскиот министер за одбрана со Израел за набавка на ракетниот систем наречен Давидова прачка тој рече „се колнам во Бога, тоа нема да се случи“ алудирајќи дека Хрватска нема да соработува со израелската армија.

Поврзани содржини