НЕМА ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ НА УСТАВОТ Во моментов Мицкоски не размислува за овој чекор

Премиерот се надева дека набргу може да се излезе со предлог-закон, да се има јавна дебата, да се чуе мислењето на јавноста и на стручната фела, да има готов документ и кога ќе има политички услови, да биде донесен.

203

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“.

Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, кога ќе има политички услови, ќе биде донесен.






Како што рече, во овој контекст, неговото присуство на денешната тркалезна маса е силна порака.

– Претпоставуваме дека Уставниот суд веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон. Се надевам дека набргу од денеска може да се излезе со таков предлог-закон, да се има јавна дебата, да се чуе мислењето на јавноста и на стручната фела, да има готов документ и кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде донесен. Во моментот Владата не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти – нагласи Мицкоски.

Поврзани содржини