ВО ИРАН СЕ УАПСЕНИ 466 ЛУЃЕ ПОРАДИ ОБЈАВИ НА ИНТЕРНЕТ Се товарат за поткопување на националната безбедност
Ова е една од најголемите безбедносни мерки од почетокот на американско-израелските напади врз Иран.
Иранската полиција уапси 466 лица обвинети за онлајн активности насочени кон поткопување на националната безбедност, објавија државните медиуми.
Ова е една од најголемите безбедносни мерки од почетокот на американско-израелските напади врз Иран.
Во март уапсени се повеќе од илјада луѓе под обвинение за снимање на тајни објекти, споделување антивладина содржина на интернет или „соработка со непријателот“.