ЧАРШИЈАТА И ПЛАСТИЧАРСКА РАСЧИСТЕНИ ОД ЃУБРЕ Несовесни граѓани прават депонии, реагираат од Комунална

ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти две големи диви депонии кај Пластичарска и во Чаршијата. За една недела отстранети 575 кубни метри отпад.

779

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија две големи диви депонии на територијата на Скопје, на булеварот Никола Карев и во Старата скопска чаршија.

Првата интервенција била кај пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детско игралиште, каде што оваа локација подолго време важи за „црна точка“. Таму биле отстранети околу 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, по што просторот бил темелно измиен со автоцистерна.






Втората акција се реализирала во Чаршијата, во непосредна близина на Куршумли ан, каде што биле подигнати уште 20 кубни метри отпад, меѓу кои и градинарски и кабаст материјал.

Од претпријатието велат дека ваквите интервенции се сѐ почести поради несовесното однесување на граѓаните.

„Секојдневно се соочуваме со нови диви депонии. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад на јавни површини, бидејќи со тоа директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на сите“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Само во текот на изминатата недела, службите на претпријатието подигнале дури 575 кубни метри отпад од диви депонии низ градот.

Поврзани содржини