МАКЕДОНИЈА СО НАЈНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Стандардот на граѓаните се одржува директно од буџетот
Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните.
Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Со одлука на Владата за намалување на ДДВ на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивна стабилизација. Со намалување на ДДВ за горивата директно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.
Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.
Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните.