ДМ И ФРИЗЕРОТ БОБАН ВИ ОТКРИВААТ КОМПЛЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕТМАН Со Балеа производи, по секогаш поволни цени
Негуваната, мазна и сјајна коса е сон на секоја жена, а со внимателно избрани производи и правилна рутина, професионалниот третман може лесно да стане дел од секојдневната нега и во домашни услови.
Во соработка со професионалниот шминкер и фризер Бобан Тодоровски, dm ви претставува комплетен професионален кератински третман со Balea производи по секогаш поволни цени, кој овозможува интензивна нега, обновување и видливо поубав изглед на косата од коренот до врвовите.
View this post on Instagram
Третманот започнува со Balea Professional Keratin Repair шампонот, достапен по цена од 109 денари. Овој шампон е наменет за сува, оштетена и кршлива коса на која ѝ е потребна дополнителна нега и зајакнување. Благодарение на формулата со кератин и пептиди, тој нежно ја чисти косата и скалпот, а истовремено помага во обновување на влакното и во подобрување на неговата структура. Со редовна употреба, косата изгледа поцврста, поеластична и видливо понегувана, а нејзината природна мекост и сјај доаѓаат повеќе до израз.
Бобан советува шампонот да се нанесе на влажна коса, нежно да се масира и потоа темелно да се измие, со цел косата правилно да се подготви за следните чекори од третманот.