ВРАБОТЕНА ВО БАНКА ЗЕЛА 39.000 ЕВРА ОД КЛИЕНТ Банкарка наместо на сметка, ги ставила во свој џеб

31-годишна вработена во банка во Тетово земала пари од клиент за уплата, но наместо на сметка завршиле кај неа.

416

Вработена во експозитура на банка во Тетово е осомничена дека присвоила десетици илјади евра од клиент кој сакал да ги депонира на својата сметка.

Според информациите од полицијата, 31-годишната Б.Б.И. на 3 ноември лани во службените простории на банката примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец. Наместо парите да ги уплати како депозит, таа му кажала дека ќе го стори тоа во рок од неколку дена – но тоа никогаш не се случило.






Парите, според сомнежите, завршиле кај неа.

Клиентот по две недели повторно се појавил во банката, каде што по разговор со надлежните му бил вратен дел од сумата. За остатокот бил упатен кај управител на правно лице, кој исто така му вратил дел од парите, но не целосно.

И покрај делумните враќања, значителен дел од парите сè уште недостасува.

Од СВР Тетово информираат дека против осомничената е поднесена кривична пријава за „затајување“, а истрагата треба да утврди каде завршиле сите пари и дали има и други оштетени.

Поврзани содржини