СУДИЈАТА ШТО ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НЕТАНХАЈУ ОСТАНА БЕЗ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ Го сотреа американските санкции

Судија од Хаг тврди дека по налогот кој го издаде за израелскиот премиер е отсечен од платежните системи и не може да користи картички. Франција безуспешно бара укинување на санкциите, додека тој предупредува на ризик за демократијата.

587

Шокантна последица од геополитиката врз личниот живот. Француски судија од Меѓународниот кривичен суд кој ја издаде потерницата за израелскиот премиер тврди дека практично е отсечен од модерниот финансиски систем поради санкции од САД.

Станува збор за Николас Гују, кој беше дел од панелот што издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2024 година, одлука што очигледно носи последици и надвор од судницата.






Картички блокирани, апликации недостапни, секојдневието се распаѓа

Гују откри дека повеќе не може да користи кредитни картички. Не може да нарачува преку Amazon, ниту да резервира преку Airbnb или Booking.

– Се вративме 30 години назад. Тоа е како временска машина што нè враќа во преддигиталниот свет – вели Гују.

Ова, според него, е директен резултат на санкциите што ги ограничуваат пристапите до платежни системи, кои во голема мера се под влијание на САД.

Макрон пишува, Вашингтон молчи

Францускиот претседател Емануел Макрон се обидел да интервенира. Испратил седум писма за укинување на санкциите.

Сепак, одговор од САД нема. Француските власти признаваат дека проблемот сè уште не е решен и дека дипломатските канали не даваат резултат.

„Тогаш нема демократија“

Гују предупредува дека последиците не се само лични.

– Ако обвинителите се плашат да гонат, адвокатите да бранат, судиите да судат, тогаш нема демократија. Според него, ваквите мерки создаваат систем во кој одлуките се носат од страв, а не од закон.

Налогот во Хаг, војната во Газа

Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември 2024 издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант.

Се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа. Конфликтот од 2023 година донесе десетици илјади жртви и масовно уништување.

И покрај прекинот на огнот во 2025, насилството во Газа не запре.

Дополнително, насилствата на Блискиот Исток продолжуваат со војната меѓу Израел и Иран. Израел жестоко го напаѓа Јужен Либан тврдејќи дека цели на милитантната група Хезболах.

Поврзани содржини