БЕГАЛ СО „АУДИ“, ПА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ Кривична за возач кој тешко повреди службеник кај Страцин
38-годишник од Василево бегал од полиција, а по запирањето нападнал полицаец и му нанел тешка повреда.
Драматична сцена на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово завршила со тешко повреден полицаец и кривична пријава за 38-годишен возач од Василево.
Според информациите, сè започнало кога полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“, но возачот не само што не застанал туку продолжил да бега.
По кратка потера, полицијата успеала да го запре возилото кај селото Страцин. Наместо да се предаде, возачот излегол од автомобилот и физички нападнал еден од полицајците.
Во нападот, службеното лице се здобило со тешка телесна повреда.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против Р.П.(38) е поднесена кривична пријава за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице“.