ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ПО ПОТРЕБА Регулаторната комисија за енергетика го измени правилникот за утврдување цени на нафтените деривати

На почетокот на март беше воведена практика одлуките за цените да се носат само во понеделник, што доведе до ситуација горивата да се продаваат по непроменети цени во текот на целата недела, иако на меѓународните пазари беа забележани намалувања.

155

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повторно го измени Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, со што се овозможува пофлексибилно одлучување и навремена реакција на пазарните движења.

Со новите измени, повеќе нема да важи практиката цените на горивата да се утврдуваат исклучиво во понеделник. Наместо тоа, РКЕ ќе може да одржува вонредни седници во текот на неделата и да интервенира доколку има значајни промени на светските пазари или во девизниот курс на доларот.






Со измените, РКЕ ќе може побрзо да реагира и да ги приспособува цените во согласност со глобалните трендови, наместо како досега кога горивата се продаваа по фиксни цени утврдени еднаш неделно, и покрај промените на светскиот пазар.

Инаку, на почетокот на март беше воведена практика одлуките за цените да се носат само во понеделник, што доведе до ситуација горивата да се продаваат по непроменети цени во текот на целата недела, иако на меѓународните пазари беа забележани намалувања.

 

Поврзани содржини