ЦЕНАТА НА БАРЕЛ НАФТА БРЕНТ СЕ ИСКАЧИ НА 113 ДОЛАРИ Експертите очекуваат таа да достигне и 150 долари, ако конфликтот продолжи

Цените на нафтата растат бидејќи трговците стравуваат дека енергетската инфраструктура би можела да стане цел на напади, а Меѓународната агенција предупреди дека ниту една земја нема да биде имуна од кризата, ако конфликтот продолжи во сегашната насока.

299

Цените на нафтата на лондонскиот пазар утрово пораснаа и го задржаа трендот на раст од минатата недела , откако американскиот претседател му даде рок на Иран да го ослободи Ормускиот теснец до крајот на денов, а Иран возврати дека ќе ги гаѓа сите енергетски капацитети во регионот.

На лондонскиот пазар во 9 часот цената на барелот се зголеми на 113,4 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот сега изнесува 101,6 долари.






Цените на нафтата растат бидејќи трговците стравуваат дека енергетската инфраструктура би можела да стане цел на напади, а Меѓународната агенција предупреди дека ниту една земја нема да биде имуна од кризата, ако конфликтот продолжи во сегашната насока.

Аналитичарите на „Сити банка“ очекуваат дека деескалацијата на конфликтот би можела да се случи за четири до шест недели, а потоа цената на барел на лондонскиот пазар би можела повторно да падне во опсег од 70 до 80 долари.

Сепак, доколку нарушувањето на извозот од Блискиот Исток дополнително се влоши, цените на барелот би можеле да достигнат 120, па дури и 150 долари во наредните месеци, пишуваат аналитичарите на „Сити“ во својот преглед на состојбата на пазарот.

Главно поради кризата на Блискиот Исток, цената на барел на лондонскиот пазар се зголеми за околу 83% од почетокот на годината, а на американскиот пазар за околу 72%.

Поврзани содржини