НЕМА ПРЕКИН БЕЗ ГАРАНЦИИ, ВЕЛИ АРАГЧИ „Ни наметнавте војна, ќе се бориме колку што треба“

Иран категорично го отфрла прекинот на огнот и бара целосен и траен крај на војната со јасни гаранции за иднината. Техеран тврди дека конфликтот е наметнат и најавува дека ќе продолжи со одбрана сè додека не се постигне трајно решение.

238

Техеран сигнализираше дека не прифаќа привремен прекин на огнот, туку бара целосен и траен крај на војната со САД и Израел. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, во интервју за јапонска агенција истакнал дека Техеран сака гаранции дека конфликтот нема да се повтори.

– Велиме дека ова не е наша војна, туку војна што ни беше наметната. Преговаравме со САД во моментот кога решија да нè нападнат. Тоа беше очигледен, нелегален, неоправдан и неиспровоциран чин на агресија – рече Арагчи.






Тој додаде дека Иран дејствува во самоодбрана.

– Она што го правиме е чиста самоодбрана. Ќе продолжиме да се браниме колку што е потребно и колку што е потребно – изјави министерот.

Иран јасно ја отфрла идејата за прекин на огнот.

– Нашиот став, и морам да го повторам, е дека не прифаќаме прекин на огнот затоа што не сакаме да се повтори минатогодишното сценарио. Војната мора целосно и трајно да заврши и мора да има гаранции дека оваа ситуација нема да се повтори – заклучи Арагчи.

Поврзани содржини