🎥 (ДРАМАТИЧНО ВИДЕО) РАКЕТА ЕКСПЛОДИРАШЕ БЛИЗУ НОВИНАР И СНИМАТЕЛ НА РТ ВО ЛИБАН Русија го обвини Израел дека намерно ја гаѓал екипата
Екипата работела во област под наредба за евакуација, никогаш не сме ги таргетирале и никогаш нема намерно да ги таргетираме новинарите, соопшти израелската војска.
Ракета експлодираше во непосредна близина на новинарска екипа во Либан.
Русија ги обвини Израелците дека намерно ја таргетираа новинската екипа на руската државна телевизија РТ која известуваше од јужен Либан, при што се повредени новинар и снимател.
– На облеката на екипата пишуваше „прес“, а тие носеа само камери и микрофони. Овие околности укажуваат дека нападот врз новинарите е намерен и насочен – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Израелската војска соопшти дека екипата работела во област под наредба за евакуација.
„Никогаш не сме ги таргетирале и никогаш нема намерно да ги таргетираме новинарите“, додаде израелската војска.
Објавени се драматични снимки што го покажуваат моментот на ударот. Експлозијата се случила само неколку метри од местото каде што стоеше новинарот на РТ. Неколку моменти пред експлозијата, тој се помести неколку чекори напред бидејќи слушнал бучава.
РТ подоцна објави дека шефот на бирото на телевизијата во Либан, Стив Свини и снимателот се полесно повредени во нападот.
– Луѓе, добро сме. Се испостави дека можете да ја чуете ракетата додека доаѓа кон вас – рече снимателот Али Рида.