СЛОБОДАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЗАГРОЗЕНА, АМА ОПСТАНОКОТ НА СДСМ – ДА Партијата се обидува да направи спектакл од тоа што не може
Според извештајот на „Фридом хаус“ за 2025 година јасно се гледа дека нема назадување, туку слободите во државата се движат во нагорна линија, односно има зголемување на слободата и тоа е реткост во регионот, затоа што скоро сите останати држави бележат пад, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствено што во Македонија е загрозено, е опстанокот на СДСМ на политичката сцена, регира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија.
„СДСМ се обидува да направи спектакл од тоа што не може. Тврди дека во Македонија има назадување и загрозување на слободата, а во исто време објавува слика којашто го демантира и го потврдува токму спротивното. Имено, според извештајот на „Фридом хаус“ за 2025 година јасно се гледа дека нема назадување, туку слободите во државата се движат во нагорна линија, односно дека има зголемување на слободата. И тоа е реткост во регионот, затоа што скоро сите останати држави бележат пад“, се вели во реакцијата.
Во категоријата „делумно слободни“ земји, се додава, заедно со Македонија со индекс на слобода 67, се и Црна Гора со 69, Албанија со 68, Косово 60, Србија 56 и Босна и Херцеговина 52.
„Од овие податоци може да се види дека и тие две земји што се пред нас, Црна Гора и Албанија, пред нас се само за поен-два. Затоа, кога СДСМ вели дека во Македонија се загрозени слободите, им порачуваме дека во државата ништо не е загрозено, освен опстанокот на СДСМ на политичката сцена, која стана трета партија во државата и петта во Скопје. И, кои изгубени во својата безидејност, со сигурни чекори се движат кон биолошкиот праг и кон целосно исчезнување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.