МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА „БЕНЗИНСКИОТ ТУРИЗАМ“ Во Словенија може да се наточат најмногу 30 литри, Словачка најави повисоки цени за странците

Во изминатите 2 недели во Словенија е регистрирана значително зголемена потрошувачка, делумно поради создавање залихи, но и поради зголемен број возачи од соседните земји кои точат гориво на граничните бензински станици.

179

На бензинските станици на МОЛ во Словенија, физичките лица ќе можат да точат до 30 литри гориво по полнење, додека за правните субјекти и товарните возила лимитот е поставен на 200 литри, објавија словенечките медиуми. Слични мерки воведува и Шел.

Од МОЛ Словенија за агенцијата СТА појаснија дека во изминатите 2 недели е регистрирана значително зголемена потрошувачка, делумно поради создавање залихи, но и поради зголемен број возачи од соседните земји кои точат гориво на граничните бензински станици.






„Со цел да спречиме преоптоварување и притисок врз бензинските станици, а истовремено да обезбедиме рамномерно снабдување за сите корисници, привремено воведовме ограничувања“, соопштија од компанијата.

Мерката е привремена и се применува на територијата на целата земја, а лимитите се утврдени врз основа на просечната дневна потрошувачка.

Шел првично воведе ограничување до 200 литри по полнење, а подоцна во текот на денот лимитот биеше намален на 100 литри.

Компанијата Петрол засега не донела одлука за воведување вакви мерки.

Во Словачка, пак, владата усвои резолуција со која се овозможува повисока цена на дизел горивото за возила со странски регистарски таблички, со цел да се ограничи „бензинскиот туризам“.

Рафинеријата Словнафт претходно соопшти дека во северните региони на земјата, особено во близина на границата со Полска, пониските цени на дизелот довеле до нагло зголемување на побарувачката.

Премиерот Роберт Фицо изјави дека возачите масовно ги полнат резервоарите и канистрите, што доведува до недостиг на гориво на одделни бензински станици.

Со резолуцијата, која не утврдува горна граница на цените, бензинските станици ќе можат и да ја ограничат продажбата на дизел на едно полнење и дополнителни 10 литри за возила со странски таблички.

Во регионот, Унгарија веќе воведе ограничувања на цените на горивата, додека полската рафинерија Орлен ги намали маржите со цел да го ублажи притисокот врз потрошувачите.

Поврзани содржини